После 3 години почина детето кое беше родено без мозок

Николас Кук, после 3 години на чудесна борба, успеа на сите да им докаже со насмевка на своето лице дека може да успее. Николас боледуваше од ретка болест, односно тој беше роден без мозок.

 

Од оваа состојба најчесто сите родени бебиња починуваат набрзо после раѓањето, но Николас успеа да им докажа на сите дека тој може да се бори. Сепак после 3 години ова заболување го победи.

 

Болеста се нарекува аненцефалија, која ја карактеризира отсутноста на поголемиот дел од мозокот и черепот. 

 

Тој никогаш не беше приклучен на никакви апарати, или некакви црева кои би му помагале да живее. Тој живеел неверојатен живот а неговите најблиски велат дека тој научил сите во семејството на вистинска љубов.

 

Во моментот кога Николас починал неговата баба била со него. Тој мирно починал, едноставно престанал да диши откако цело утро имал потешкотии во дишењето. Докторите се обиделе 3 пати да го оживеат но сето тоа било залудно.

 

Последните неколку дена Николас бил многу расположен и насмеан, Неговото семејство постојано се обидувало да го опкружат со добро расположение, па многу често се шетале, оделе на кампување и зоолошки. 

 

Аненцефалија е состојба која се случува на едно од 10 000 деца а се верува дека децата кои се родени во оваа состојба не можат ниту да мислат, ниту да чувствуваат било какви емоции. Николас ниту можеше да оди, ниту да јаде, ниту да говори, но неговото семејство верувало дека тој созревал и психички и физички.

 

Тој беше јунак кој ја покажа својата сила, и сите ќе го паметат по тоа…

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

61 годишна жена роди близнаци

 

 

 

 

Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста

 

 

 

 

Чудата сепак се случуваат

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: