Одобрена првата генска терапија во Европа

Европската комисија го одобрила користењето на првата генска терапија во Европа, метод на лекување со коешто се исправаат грешките во генетскиот код на пациентот.

Европската комисија дала маркетиншко одобрување за препарат „Glyberа“, што значи дека тој ќе може да се продава во сите држави членки на Европската унија.
Станува збор за генска терапија за ретка наследна болест поради која заболените не може правилно да ги варат мастите.
Произведувачот, холандската компанија „UniQure“, објави дека препаратот на европскиот пазар ќе биде достапен идната година.
Препаратот „Glybera“ е користи за лекување на недостигот на липопротеинот липаза.

Едно лице од милиони има оштетување на копијата на генот кој е клучен за разградувањето на мастите.

Поради тоа мастите се таложат во крвта што предизвикува болки во стомакот и по живото опасното воспаление на панкреасот.  Терапијата користи вирус за да се инфицираат мускулните клетки со работната копија на генот.
Европската агенција за лекови препорача во јули дека оваа терапија ќе им биде овозможена на најтешките заболени.
Компанијата „UniQure“ соопшти дека ќе побара одобрение за својот препарат и во САД, Канада и на другите пазари во светот.
Кина, инаку, е првата земја во светот којашто официјално одобри генска терапија за лекување на карциномот во 2003 година.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Владата вопоставува Информатичка форензичка лабораторија

Судска медицина доби форензичка ДНК лабораторија

Зад машката неплодност, се кријат гените

Пронајдете не на следниве мрежи: