Американска актерка Џулијан Мур стана ново лице на светски познатата козметичка компанија L’Оreal, објави магазинот US Weekly.
„Јас самата ги користам производите на овој бренд. Многу е здраво да се стане лице на производ, кој е толку достапен за сите“, изјави актерката.
Според Мур, тајната за одржување на нејзината убавина е едноставна: таа користи козметички масла и креми за лице за заштита од штетните ефекти на сонцето.
Како што се очекува, во почетокот на 2013 година, фотографијата на 51-годишната црвенокоса убавица ќе се појави на билборди за новата продукција на компанијата.
Џулијан Мур глумеше во филмовите „Големиот Лебовски“ и „Ханибал“. Актерката е добитник на телевизиската награда Еми и четири пати е номинирана за Оскар.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Софија Вергара најскапо платена актерка оваа година
Актерот Брус Вилис ќе го тужи Епл?
Фото: Атрактивната млада актерка Мила Кунис
Пронајдете не на следниве мрежи: