Водечкиот кардинал на француската католичка црква во саботата изјави дека владиниот план за легализација на истополовите бракови ќе ја наруши рамнотежата во француското општество, како и дека оваа реформа се спроведува за интересот на минорно малцинство.
Парискиот кардинал Андре Вињ-Труа во Лордес ги повика католиците да го искажат своето спротивставување на планираната реформа на законот за брак со пишување и обраќања на од нив избраните функционери, како и по пат на „демократски облици на изразување“.
Кардиналот својот апел за дејство на верниците го упати од годишниот пленарен состанок на француските католички бискупи додека левичарската влада на претседателот Франсоа Оланд се подготвува да го претстави нацрт законот за хомосексуалните бракови на седницата на владата оваа среда.
Француските верски челници, повеќето католички, но и православни, муслимански, протестантски и еврејски, како и конзервативните политичари се мобилизираа во борбата против овој закон, особено против одредбата со којашто на истополовите двојки ќе им биде дозволено посвојување деца.
„Претседателските и парламентарните избори одржани претходно годинава не им дадоа бланко чек, особено не за реформи коишто длабоко влијаат врз рамнотежата на нашето општество“, вели Виљ-Троа нарекувајќи ја планиранта реформа „измама“.
„Тоа нема да биде брак за сите, ќе биде тоа брак за неколкумина наметнат на сите“, изјави кардиналот алудирајќи на мотото на прореформската кампања на француската левица.
Испитувањето на јавното мнение во Франција покажа дека откако противниците на овие реформи ја зајакнаа кампањата, поддршката на гласачите за истополовите бракови се намалила за неколку проценти на под 60 отсто, а поддршката на предлогот истополовите двојки да посвојуваат деца на под 50 отсто.
Вињ-Троа отворено не повика на улични протести против законот, за кој парламентот треба да расправа во првата половина од идната година, иако француските медиуми забележуваат дека спомнувањето на „демократски облици на истражување“ може да биде сфатено како премолчно одобрување на протести.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: