Концертот за настраданите од Сенди собра 23 млн долари

Хуманитарниот концерт на кој настапија најпознатите американски поп и рок изведувачи собрал 23 милиони долари во фондот за помош на настраданите од ураганот Сенди кој претходно седмицава го разори источниот брег на САД.

Едночасовниот телевизиски концерт под мотото „Ураганот Сенди нѐ обединува„, беше организиран во хуманитарната акција на американската телевизиска мрежа NBC да се соберат средства за Црвениот крст, кој ја координира помошта за милионите настрадани, пружајќи привремени засолништа, храна, медицинска и психолошка помош.

Концерт, исто така, беше емитуван и преку мрежите на најголемите американски телевизиски станици.
„Ние неверојатно сме благодарни и трогнати од пројавената поддршка за настраданите. Се собраа 23 милиони долари и овој исклучителен резултат покажа како американските граѓани може да се обединат во време на несреќа“, ја цитира весникот US Weekly изјавата на директорката на одделот на маркетинг на Црвениот крст, Пеги Драер.
Во студијата на NBC во Њујорк во петокот навечер поддршка на настраданите со своите настапи им дадоа славни музичари како Брус Спрингстин, Џон Бон Џови, Кристина Агилера, Били Џоел, групата Аеросмит, Стинг и многу други музичари коишто ги исполнија своите најголеми хитови.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

ВИДЕО: Најголемите и најпосетените концерти во светот

Мадона откажа концерт

ВИДЕО: Џеј Ло потврди дека е вистинска дива!

Пронајдете не на следниве мрежи: