Филмот за украинскиот фудбалски клуб „Динамо Киев“ е вистинска приказна базирана на книгата на Енди Доган, „Динамо: Одбрана на честа на Киев“, која се случила за време на Втората светска војна.
Имено, фудбалерите на украинските тимови „Динамо“ и „Локомотив“ оформиле фудбалски тим наречен „Старт“, во една пекара за време на окупацијата од нацистите.
Со цел градот да наликува нормално, нацистите организирале фудбалска лига во која „Старт“, составен од измачени и изгладнети украински фудбалери, играл против супериорната екипа на Германците. По неколку натпревари кои ги добил „Старт“, одигран е „натпреварот на смртта“ против германските артилерци, кој Украинците го добиле со два гола разлика. Следниот ден повеќето нив биле испратени во концентрациони логори, каде се убиени.
Батлер во филмот ќе го игра Микола Трусевиќ „Коља“, голгетер и водач на тимот од Киев. Снимањето на филмот ќе започне во 2013 година во Европа.
Прочитајте ги и следниве статии:
Gerard Butler излезе од рехабилитација
Brad Pitt во заштита на хомосексуалните бракови
Al Pacino снима филм за John Lennon
Пронајдете не на следниве мрежи: