Премиерот и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека аферата со прислушување на претседателот, Томислав Николиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ не може да ги раздрма темелите на владата, бидејќи никој од владата не е вклучен во тоа што се случувало.
Дачиќ за РТС, во саботата вечерта изјави дека тоа не е прв пат и дека тоа се случувало и во претходните години и се заложи за измени во законската регулатива за да се спречат овие работи.
Дачиќ повтори дека, доколку имало пречекорувања во полициските овластувања и злоупотреба, ќе има одговорност и дека како министер за внатрешни работи нема надлежност за оперативни полициски акции, ниту дека потпишува било какви налози за водење акција ниту за прислушување.
Тој побарал извештај од дирекцијата на полицијата, додавајќи дека во тоа е вклучена и службата за внатрешна контрола и обвинителството.
„Мораме да бидеме свесни дека улогата на безбедносните структури и улогата на полицијата е голема во нашето општество и во стабилноста на нашата држава во борбата против криминалот, но ниедна од тие институции не над државата и општеството“ нагласи премиерот.
Според него, јасната законска регулатива ќе ја спречи злоупотребата, особено во вакви случаи кога немаме писмен доказ.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Дачиќ ќе ги апси Кариќ и Милошевиќ
Тадиќ и Дачиќ “свртија” партија баскет
Прислушувани српскиот претседател Николиќ и вицепремиер Вучиќ
Пронајдете не на следниве мрежи: