Кинеските бродови во водите на спорниот архипелаг

Loading...

Четирите кинески бродови влегле во неделата во територијалните води на архипелагот Сенкаку (Дјаојујидао, на кинески) кој се наоѓа под управа на Јапонија, но кој го бара Кина, два дена по последниот таков упад, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Кинеските патролни бродови впловиле во областа околу четирите острови во Источнокинеското Море, а биле забележени во близина на островот Уоцури, во истата област каде што во петокот допловија неколку кинески бродови.
Малиот архипелаг последните два месеца стана причина за влошување на односите меѓу Кина и Јапонија, а тензиите избувнаа откако во септември јапонската влада објави дека ги откупува неколкуте острови од дотогашните приватни сопственици.
Пекинг веднаш испрати шест бродови, додека низ цела Кина траеја протестите против Јапонија, коишто беа очигледно одобрени од властите во Пекинг, на коишто се во десетици градови учествуваа десетици илјади Кинези.

Од тогаш кинески патролни и рибарски бродови, но и од Тајван кој исто така смета дека полага право врз овие води, неколкупати влегуваат во спорните води.
Петте острови Сенкаку (Дјаојујидао) претставуваат спорна територија меѓу Јапонија и Кина. Токио и Пекинг не можат да ја одредат насоката на границата меѓу ексклузивните економски зони околу островите. Јапонија инсистира на исцртување на линијата на поделба во средината на водното пространство, додека Кина бара линијата на раздвојувањето да се помести поблиску до јапонскиот брег.
Јапонија тврди дека островите се нејзина територија од 1895 година, додека во Пекинг потсетуваат дека на јапонските географски мапи од 1783 и 1785 година островите Дјаојујидао се означени како кинеска територија.

По Втората светска војна островите биле под контрола на САД и ѝ биле предадени во владеење на Јапонија во 1972 година. На Тајван и во континентална Кина сметаат дека Јапонија ги поседува островите незаконски.

Јапонија, од своја страна, тврди дека Кина и Тајван почнале да претендираат на островите во 1970-те години, кога станало јасно дека во оваа област има ресурси од многу минерали.
Спорот околу сопственоста на островите кулминираше во 2012 година. Во август годинава активисти до двете земји се стоварија на островите, што имаше силна поддршка и од граѓаните од двете страни. Досега конфликтот беше надминуван по дипломатски пат.

Макфакс

loading...
Loading...