Концептот во малите автомобили да се стваат големи мотори не е ништо ново но, ретки се оние кои одат до крајност кога се во прашање ваквите модификации.
Претходната генерација на Chevrolet Spark под хаубата носи мотор од 800 кубика, што многумина би претпоставиле дека турбо компресор, нова единица за контрола на работа на моторот и издувен систем ќе биде доволен за оние кои бараат нешто повеќе од овој мал градски автомобил.
Грешите, а сега ќе ви покажеме до кои граници се спремни да одат луѓето кои се заљубени во брзината.
Matiz тркачкиот концепт представен е во 2009 година и станува збор за неверојатен автомобил кој под хаубата крие 7.0 литарски V8 мотор од Корвета Z06, со повеќе од 500 КС.
До стотка забрзува за 3,7 секунди додека пак неговата максимална брзина изнесува 260 км/ч.
Овој автомобил е на продажба на германската верзија на еbay со почетна цена од 30,400 евра.
Toyota како Lamborgini Murcielago
Колку вреди Ferrai постар од 20 години?
Пронајдете не на следниве мрежи: