И покрај нивната популарност и слава, односот кон личностите од нивниот приватен живот на најбезобразен можен начин, малтретирања, и тајни помали или поголеми кривични дела се доволна причина да им биде залепена етикетата за лошо однесување.
Погледнете кои се неколкуте водечки холивудски ѕвезди со заслужено доделениот епитет на лоши момчиња.
Кристијан Бејл – Кој би рекол дека моменталниот миленик на женската публика, главната улога на филмот кој до неодамана ги рушеше рекордите на гледаност, најдоброто од Бетмен досега, дека е дел од оваа листа на момци со непримерно однесување. Исказите на поранешниот агент на Бејл во кој тој пишува дека актерот е невозможен во приватниот живот притоа додоавајќи дека постојано ги навредува своите фанови, притоа расплакувајќи мало девојче кое му понарало автограм. Фактот на постојаните скандали поврзани со неговото семејство, викањето на полиција од страна на неговата сестра и мајка за да се заштитат себе си од нивниот брат и син, се сосема доволна причина за веќе кажаниот епитет.
Расел Кроу е познат по својата избувлива природа. Постојаните инциденти во кој тој постојан претепува некој беа доволни да се најде на листата за непримерно и безобразно однесување. Во 2005 година јавноста беше сведок кога овој актер во Њујорк со телефон го удри по глава еден од вработените во хотелот во кој престојувал. Актерот беше уапсен, а како дополнителни аргументи во оваа листа на испади се додадваат и неговото не воздржување од постојано кажување на навредливи пцовки и навреди.
Мел Гибсон беше и важеше за режисер и актер со беспрекорно досие и ниедна дамка во својата биографија. Но, по поголемиот дел на испади со право го изгуби доброто реноме кое беше пример за овој актер. Испадите како пцуење и навредување на евреите дека тие се виновни за пропаста и крајот на светот, претепувањето на неговата девојка Оксана притоа телефонски заканувајќи и се дека ќе ја убие, како и напаѓањето на полициајци во алкохолизирана состојба беа и се и повеќе од доволна причина за да со право овој актер го наречеме гад.
Чарли Шин – Беше обожуван од својата публика по неговото актерско деби во серијата Два ипол мажи, но приватно овој актер е меѓу оние со најдебело досие на непримерно оденсување. Во 80-тите години застрелувањето на својата тогашна свршеница Кели Престон, притоа изјавувајќи дека тоа било само несреќен случај, повторувањето на истата постапка на сличен начин ставајќи и нож под грлото на својата втора сопруга потоа Брук Мјулер притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие, како и навредите упатени кон продуцентот и актерската екипа на серијата со која ја стекна својата најголема позитина точка во својата кариера, Два ипол мажи, се и повеќе од доволни причини и коментари за било каков коментар или заклучок потоа, во која категорија би го сместиле овој актер.
Шон Пен – Многумина би се изненадиле доколку не го знаат, но сепак тој важи за еден од актерите со најлошиот карактер во Холивуд. Непристојно однесување проследено со сарказам и нерасположение при било какво поставено прашање, како и најголемата иронична постапка на овој актер кога за време на санирањето на штетите од ураганот Катрина, овој актер наместо да помага тој на лице место повикал камерман кој ќе го следи додека на другите им дава наредби, притоа вкрстувајќи тупаници за секоја неостварена негова наредба.
Погледнете ги следниве статии
Анџелина Џоли си одбра венчаница
Шмрка кокин, пуши крек, гледа порно филмови и ангажира проститутки
Со кој дел од своето тело не се задоволни холивудските убавици
Пронајдете не на следниве мрежи: