„Пукањето“ на прстите – добро или штетно?

 Некои луѓе едноставно не можат да издржат еден ден а барем еднаш да ги испукаат прстите. Кога еднаш ќе пробате лесно може да премине во навика. Но, дали „пукањето“ прсти е штетно?
 Многу луѓе мислат дека пукањето на прстите предизвикува артритис или пак дека предизвикува во староста да ви се тресат рацете. Но, тоа не е точно, всушност пукањето на прстите може да биде и корисно.
Кога ги пукаме прстите, ние всушност ги потегнуваме коските кои го формираат зглобот. Тој процес ги стимулира тетивите, ги релаксира мускулите и пријатно влијае врз зглобовите. Сепак со ништо не треба да се претерува. Прекумерно пукање односно истегнување може да го оштети зглобот што може да предизвика болки и намалување на силата во прстите.
Уште еден интересен факт е од каде доаѓа звукот на пукање. Во внатрешноста на нашите зглобови се наоѓа синовијална течност. При потегнувањето на коските гасот во синовијалната течност се претвора во меур процес познат како кавитација. Во одреден момент меурот достигнува одредена големина при што пука произведувајќи го препознатливиот звук. Потоа се потребни околу 30-тина минути за гасот да се апсорбира во течноста пред да може повторно да се „пукне“ зглобот.
Преземено од primetime Некои луѓе едноставно не можат да издржат еден ден а барем еднаш да ги испукаат прстите. Кога еднаш ќе пробате лесно може да премине во навикСите ги „пукаме“ прстите, но дали сте се запрашале некогаш дали е тоа добро или лошо.

Пронајдете не на следниве мрежи: