Атинското метро со штрајк ја почнува седмицата на протести во Грција

Вработените во метрото на грчката престолнина Атина и на приградските железнички линии во понеделник ќе одржат 24-часовен штрајк, како што најави синдикатот.

Атинското метро поради штрајк не работеше и во петокот 2-ти ноември, предизвикувајќи сообраќаен метеж во градот.
Со овие протести во понеделник започнува неделата на протестите во Грција. На 6-ти и 7-ми ноември е закажан дводневен генерален штрајк на синдикатите на работниците во јавниот и приватниот сектор. Меѓу овие гранкови синдикати коишто најавија дека сигурно ќе штрајкуваат се организациите на морнарите, лекарите, на работниците во службата за Брза помош и во енергетскиот сектор од  државното  електростопанство, кои се закануваат со прекинување на снабдувањето со електрична енергија.
Грчката влада очекува наредните денови да биде изгласан кризниот буџет за 2013 година постигнување на нов кредитен договор со странските заемодавци Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кој предвидува заштеди со намалување на буџетските расходи за следната година во износ од 13,5 милијарди евра во замена за замена за 31,5 милијарди евра од следната транша од кредити за Грција која беше стопирана во јуни, а без која многу веројатно оваа земај ќе банкротира.
Гласањето за пакетот мерки за штедење, за кој се верува дека ќе биде усвоен со тесно мнозинство во 300-члениот грчки парламент, со гласовите на Неа демократиа и ПАСОК, додека умерените леви сили ДИМАР најавија дека нема да гласаат за пакетот, е закажано за среда.

Потоа следната седмица треба да биде договорено гласањето за буџетот за 2013 година, чиешто усвојување пред исплатата на следната транша странска помош во износ од 31,5 милијарди евра го бараат странските грчки доверители Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Штрајк во Грција, центарот на Атина го обезбедуваат 4.000 полицајци

Штрајк во фабрика за делови на Епл во Кина

Грција повторно лута, овој пат на Николиќ по изјавите за Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи: