Моментално среќно заљубената Џенифер Анистон, и дели совети на пејачката Кети Пери за нејзината нова врска. Имено, Кети Пери е во врска со музичарот Џон Мајер, и кон нив веќе некое време се вперени очите на јавноста.
Ова е првата сериозна врска на пејачката по разводот со Расел Бренд. Но, поранешната девојка на Мајер, Џенифер Анистон, реши да проговори во јавноста за новата врска на нејзиното поранешно момче и Кети Пери. Таа изјави дека Џон е женкар и дека ќе има лошо влијание врз неа: “Кети треба да внимава и да не се заљубува. Џон ќе ја повреди, сигурна сум”.
Џенифер Анистон ја заврши врската со Мајер во 2009 година, а денес е верена за Џастин Тероу со кого планираат свадба до крајот на месецов.
Поврзани статии:
Се лизнаа бикините на Кети Пери
Кети Пери – премногу гласна во кревет
Тајна венчавка на Џенифер Анистон на имотот на Џулија Робертс
Пронајдете не на следниве мрежи: