Николиќ имал инцидент на автопат

Службено полициско возило во неколку наврати го пресекло патот на колоната во која се наоѓал српскиот претседател Томислав Николиќ, јавуваат српските медиуми.

Весникот „Блиц“ пишува дека инцидентот се случил токму во време кога во Србија се заострува аферата околу прислушувањето.
„Претседателот на Србија има целосна доверба во припадниците на МВР кои се грижат за неговата безбедност“, соопштуваат од Кабинетот на Николиќ, при тоа додавајќи дека сите аспекти на инцидентот ќе бидат испитани.
Инцидентот се случил во петокот кон сабота на автопатот Белград-Ниш, а српските медиуми јавија дека Николиќ доживеал незгода, некои дури напишаа и дека е извршен обид за атентат врз претседателот.

Погледнете ги следниве статии

Николиќ ги измеша брзините

Српскиот претседател Николиќ во дводневна посета на Македонија

Во Србија секој трет жител има оружје!

Пронајдете не на следниве мрежи: