Најмалку 22 загинати, 60.000 раселени од поплави во Индија

Обилните дождови во јужната индиска држави Андра Прадеш усмртија најмалку 22 лица и принудија околу 60.000 лица да ги напуштат своите поплавени села, соопштија локалните власти.

Силните дождови беа предизвикани од циклон, кој минатата среда го погоди крајбрежјето кај областа Ченаи и поплави стотина села.
„Најмалку 22 лица загинаа, стотици останаа без своите куќи, а дождот ги оштети и сите посеви во крајбрежниот регион“, изјави Карикал Валавен, владин претставник задолжен за вонредни ситуации.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите

Ураганот „Сенди“ го испразни Њујорк

Познатите пееја за жртвите од ураганот Сенди

 

Пронајдете не на следниве мрежи: