Фелипе Маса смета дека Марк Вебер треба да биде казнет поради нивниот судар на трката за „Големата награда на Обединетите Арапски Емирати“.
„Јас навлегував од внатрешна страна, а тогаш се допревме на излезот од свиокот. Потоа тој одлучи да помине преку шиканата, па тука ја пресече, целосно ми го пресече просторот и се најде пред мене, морав да закочам силно за да не го удрам и се свртев целосно. Тој го предизвика инцидентот“ вели Маса.
Меѓудругото, тој додава…
„Не е прв пат да видиме како судиите не донесуваат исправни одлуки. Се одлучија да не превземат ништо, што е за мене потполно некоректно“ беше коментарот на Маса.
Пронајдете не на следниве мрежи: