Пакистанка ја уби својата ќерка полевајќи ја со киселина

Пакистанката која заедно со својот сопруг, ја уби својата 15 годишна керќа поливајќи ја со кислена, изјави дека тоа била судбината која била наменета за нејзината ќерќа.
Мухамед Зафар и неговата сопруга Захлин се уапсени на 29 октомври, бидејќи безмилосрдно ја полеале со киселина својата керќа Анушу, а како причина за таквата постапка се наведува гледањето на младо момче од страна на Анушу.
Убиствата поради таканареченото ''зачувување на честа'' се постојани и чести случаи во контраверзниот Пакистан. Активистите за зачувување и заштита на човековите права, произнесоа запрепастувачи резултати во кои се предвидува дека само минатата година се убиени повеќе од 900 жени, поради таканаречените безмалку банални причини како ''зачувување на честа'', обечествување и сл.
Мухамед Зафар од затворските келии, за британскиот (BBC) изјавил дека ја предупредил својата ќерќа да не го гледа младото момче, додека нејзината мајка опишала како нејзината керќа Анушу молела за милост, притоа колнејќи се во својата невиност.
Девојката се здобила со тешки опекотини, но нејзините родители не ја хоспитализирале во болница се до наредното утро. Од болницата изјавиле дека Анушу била примена со тешки изгореници и опекотини на 70% од нејзиното тело пришто набрзо и починала.
Погледнете ги следниве статии
 Почина најголемиот борец, тригодишното момче родено без мозок
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Дете загина во зоолошка во Питсбург
 
 
 
 
 
 Најмалку 22 загинати, 60.000 раселени од поплави во Индија
 

Пронајдете не на следниве мрежи: