По одигрувањето на неделните натпревари во ракометната Лига на Шампиони за жени, романскиот тим Олчим Валчеа ги предводи фаворитите кои се пласираа во четвртфиналето од ова натпреварување.
По неделните натпревари, веќе по четири одиграни кола, познати се веќе и првите четвртфиналисти, но, и екипите кои испаднуваат од натпреварувањето. Големи изненадувања нема, освен испаѓањето на Виборг, додека во четвртфиналето се пласираа веќе големите фаворити на ова натпреварување за оваа сезона.
Во група „А“, романскиот првак Олчим играше на домашен терен со данскиот претставник Рандерс, романките победија со 27-23, на полувремето од мечот резултатот гласеше 10-10.
Во група „Б“ главен настан беше мечот меѓу Подравка и Клуж, домаќинките славеа на овој натпревар со резултат 28-21.
Во група „Ц“ се одигра интересен меч меѓу шведски Савехов и унгарски Ференцварош, унгарките славеа со резултат 34-32.
Понатаму, Будуќност на домашен терен славеше со резултат 23-15 против Турингер, додека пак Звенигород со 20-17 ја победи екипата на Виборг.
Пронајдете не на следниве мрежи: