За да го промовира новиот сингл Candy, кој после 8 години е прва песна на Роби Вилијамс што се наоѓа на прво место на британските топ листи, 38 годишниот британски пејач гостуваше во емисијата “Wetten dass…” на германската телевизија ZDF.
Изгледа како германската водителка Барбара Шоенбергер полуде за Роби, па додека тој се движеше по сцената на емисијата за да дојде до водителот Марк Ланз, Барбара го удри по задникот! Но Роби, како вистински професионалец, продолжи да чекори по сцената, не обрнувајќи внимание на тоа што се случува позади него. Водителката подоцна изјави дека целиот настан бил само шега што била смислена однпаред.
Со синглот Candy, Роби го најавува својот најнов албум, Take The Crown, кој ќе биде негов 9 по ред студиски албум.
Поврзани статии:
Роби Вилијамс доби ќерка
Фото: Роби Вилијамс со топлес танчерка на сцена!
Албумот кој сите го очекуваа – “Takе the Crown” – Robbie Williams
Пронајдете не на следниве мрежи: