Бора Бора – сон кој мора да го остварите

Loading...

 Бора Бора, самиот збор доловува романса и авантура. Ова е дел од светот каде што можете да видите исклучителни пејзажи и изобилие на природна убавина. Островот е опкружен со лагуна и корален гребен и во центарот на островот постојат остатоци од изумрени вулкани. Тоа е фантастично место за ентузијасти, нуркачи и љубители на природната убавина.

 Бора Бора е навистина еден од нај романтичните места во светот. За оние кои бараат егзотичен рај за нивниот меден месец, тоа можат да го најдат токму на тој остров. Оваа туристичка дестинација е градината на рајот со мешавина од дождовни шуми, водопади, шарена флора и фауна. Бора Бора навистина е искуство кое вреди да се има. Одморот на Бора Бора никогаш нема да го заборавите. Бујни тропски падини и долини преплавени со цветови и со хибискус. Совршени бели песочни плажи, богат подморен живот, корални градини и многу други убавини. Тешко да се најдат вистинските зборови за да се опише магијата која произлегува од овој остров.

 
Доколку вашата следна дестинација е Бора Бора она што треба да го знаете е дека овој остров има голем панел на сместување, од типот на куќи за гости, хотели и летувалишта. Повеќето од хотелите во Бора Бора се на главните острови, додека летувалиштата претежно се наоѓаат на помалите островчиња кои се насекаде околу главниот остров.
 Бора Бора има многу туристички атракции кои мора да се видат. Може да се пофали со топла вода, убава глетка и прекрасно време во текот на цела година. Поради тоа им овозможува на посетителите да направат многу нешта и да уживаат во прекрасните спортови на вода, како што е нуркањето, леководолазно нуркање, џет скијање, кајак, сурфање и пливање… Бора Бора се смета за рај за купувачите.

loading...
Loading...