Секс диета

 

Ако ви е тешко да направите избор, еве зошто е тоа така: храната и сексот се двете најсилни и најтесно поврзани човечки желби.

 

„Задоволството од јадењето вкусна храна и задоволството кога имате секс ги активираат рецепторите за задоволство во мозокот“, вели д-р Одри Т. Крос, поранешен професор по исхрана во училиштето за јавно здравство на Универзитетот Колумбија.

 

„Ова објаснува зошто луѓето често го комбинираат јадењето со секс.“

 

И додека поимот афродизијак во голема мера е неоснован, сигурно е дека постојат одредени видови храна што можат да ви дадат енергија, да го активираат либидото, и да ви помогнат да доживеете посилен оргазам. Јадете ги овие единаесет видови храна редовно, за поттик во спалната соба.

 

 

Споделете темно чоколадо за десерт

Се разбира, чинот на јадење на нешто што се топи во уста е декадентен и неверојатно сензуален. Но, чоколадото има уште една, послатка страна: според истражувањето објавено во Journal of the American Dietetic Association, постои едно соединение во темното чоколадо, наречено фенилетиламин, кое го ослободува истиот ендорфин кој се ослободува при секс, и го зголемува чувството на привлечност помеѓу две лица. И ако се препуштите, тоа може да се исплати во кревет: The Journal of Sexual Medicineизвестува  дека оние кои консумираат барем по една коцка темно чоколадо секојдневно, чувствуваат поголема желба и сексуално подобро функционираат од оние кои не го практикуваат тоа.

 

Зачинете ја вашата романса

Зачинетата храна може да ја зачини и вашата романса. Сосови и преливи направени од чили пиперки (како што е топлиот сос или салса сосот) кои содржат хемиски капсаицин, чии ефекти се отсликуваат во знаците на возбуда (потење, морници, брзо чукање на срцето, и црвени образи). И, според д-р Ивон К. Фулбрајт, луѓето имаат тенденција да велат дека партнерот ги предизвикува тие скокотливи чувства кај нив.

 

Јадете банана

Нервозни сте поради состанокот? Изедете банана неколку часа пред рандевуто. Ова егзотично овошје помага во ослободувањето на серотонин (хормон за среќа) во крвотокот, го подига  вашето расположение и го смирува вашиот нервен систем. Тие имаат и пропратен секси ефект: „Бананите содржат калиум, минерал од кој се зголемува мускулната сила, елемент од суштинско значење за оргазмот“, вели Лу Пагет, автор на книгата „The Great Lover Playbook“.

 

Нарачајте суши

Почестете се со лосос и скуша – двете риби богати со Омега-3 масни киселини кои го одржуваат секс-хормонот. И туната е добар извор на селен (минерал кој покрај другото, помага и да се зголеми бројот на сперматозоиди). И не заборавајте  . „Ѓумбирот е добар за циркулацијата, а сојата содржи фитоестрогени, кои помагаат за ’подмачкување’ на вагината“, вели Пагет.

 

Погодете го вистинскиот момент

Секако, црвеното вино прави да се чувствувате топло и опуштено, но неговите моќи одат и подалеку од тоа. Тоа го зголемува нивото на естроген, а содржи и ресвератрол, антиоксидант кој го подобрува крвотокот за време на сексуалниот чин. А ако сте ’сингл’, алкохолот ви помага подобро да се бакнувате: според Фондацијата за истражување и третман на мирисот и  вкусот во Чикаго, момците кои се сингл сакаат бакнежи со вкус на алкохол (било каков вид на алкохол). Само, внимавајте да останете на една чаша, затоа што, да се биде пијан не само што е грдо, туку пиењето е убиец на либидото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Направете појадокот да биде секси

 

На скалата на сензуална храна, овесот може да биде најдолу, но тој има скриен талент – помага во ослободувањето на тестостеронот, кој го засилува вашиот  сексуален нагон. Капнете неколку капки мед (тој го содржи минералот наречен борон, кој има ефект на зголемувањето на либидото) и измешајте го.

Јадете овошје! Една студија покажа дека луѓето кои јадат храна богата со витамин Ц се подобро расположени и имаат повеќе секс.

 

Одолговлекувајте го капучиното

Уживајте во филџанот задоволство после вечера. Оние кои пијат кафе имаат поизразено либидо и, според една студија, спроведена од страна на Универзитетот Саутвестерн, почесто имаат секс. И додадете кафеав шеќер. „Шеќерот ослободува серотонин, невротрансмитер кој обезбедува кратко еуфорично чувство“, вели д-р Ејби Aроновиц, автор на книгата „Your Final Diet“.

 

Пијте сок од калинка

Кога научниците од универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес го изучувале ова рубин-црвено овошје, откриле дека калинките се богати со полифеноли, антиоксиданси кои ѝ овозможуваат на крвта слободно да тече низ вашите вени, што е клучна компонента за добар секс.

 

 

Грицкајте  шпаргли

Грицкањето шпаргли може да направи чудно да мирисате (и не толку секси), но овој зеленчук е полн со фолна киселина, витамин Б кој го зголемува нивото на хистамин во крвта, невротрансмитер кој ви помага полесно да доживеете оргазам. „Шпарглата, исто така, содржи растителна хемикалија протодиосцин која ја зголемува  возбудата, па дури и помага во борбата против еректилна дисфункција кај некои мажи“, вели д-р Лин Едлен-Незин, коавтор на книгата „Great Food, Great Sex“.

 

Поделете пица

Сирењето  содржи магнезиум, минерал кој им е потребен на вашите мускули за време на оргазмот. Дополнете го со здрави додатоци како што се печурките  и брокулата – и двата вида зеленчуци содржат витамин А, кој го регулира прогестеронот, стероид хормон кој помага да го зголемите вашиот сексуален нагон. И не се изненадувајте ако и вашиот партнер чувствува голем наплив на желба за секс, студиите покажуваат дека само од мирисот на сирењето (секаков вид на сирење) се зголемува циркулацијата на крвта во долните делови од телото за 5 проценти.

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Дали мажите повеќе сакаат девици?

 

 

 

 

Еве што помага при импотенција

 

 

 

 

Стриптиз – само за него

 

Пронајдете не на следниве мрежи: