Истрели пред кабинетот на турскиот премиер

Три истрела се слушнале во понеделник во близина на кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во моментот додека имал состанок со неколку министри, пренесува Ројтерс.

Повредени нема, а едно лице е приведено.

Околностите кои довеле до инцидентот засега не се познати.
Турските власти со години се борат против курдските сепаратисти, а најнов непријател им е режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во соседна Сирија.
Нема никакви информации за нивна поврзаност во денешниот инцидент.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

НАТО има планови за одбранa на Турција доколку е потребно

Турција ги продолжува нападите на Сирија

Турција:Убиени 18 бунтовници и еден војник

Пронајдете не на следниве мрежи: