Дали знаевте дека постојат 237 причини поради кои жените се впуштаат во сексуални односи. За разлика од општо прифатеното мислење, чинот на заљубување не е ни блиску до врвот на оваа листа.
Разговорот направен со преку 1000 жени од повеќето страни на светот бил сосема доволен резултат да американските психолози од Универзитетот во Тексас, Синди Местон и Дејвид Бас, во својата книга Why Women Have Sex објават зошто досегашните мислења не се достојни и оправдани, притоа произнесувајќи ги најчестите мотиви и причини за наклонетоста на жените кон сексот.
Диета – Редовната физичка активност како што е сексот е од голема помош во губењето на калориите. Со сексот се согоруваат околу 100-250 калории. Голем дел од испитаничките се изјасниле дека сексот го користат како основен метод за тренинг и слабеење.
Лек против стресот и болките – Главоболката и мигрената се општо познати оправдувањата, кои се користат за одбегнување или одбивање на секс. Меѓутоа со спроведената студија голем дел од жените навеле дека доживувањето на оргазам предизвикувал намалување на нивната главоболка. Објаснувањето на овој феномен лежи во тоа пто за време на сексот се ослободува хормонот ендофин, хормон заслужен за доброто расположение, а неговото делување се споредува и со дејството на морфиумот, кој предизвикува било која болка да биде поподнослива.
Одмазда – Сексот како оружје за одмаздување на неверниот партнер. Голем дел од жените се изјасниле и кон овој став, притоа додавајќи дека сексот и чинот на спиење со својот најдобар пријател или поранешен партнер, им влијаело на зголемување на задоволството, бидејќи на тој начин се чувствувале како да го казниле својот партнер или едноставно му се одмаздиле.
Брачна должност – Голем дел од испитаничките, особено оние кои биле со брачен статус, се искажале дека сексот го сфаќале како обврска која ја исполнувале и во моментите кога не биле расположени. Иако во денешно време улогите на партнерите се заменети ипак, жените сеуште и покрај се сметаат дека нивната улога во бракот е да го задоволат својот сопруг секој пат кога тој ќе посака секс.
Тој се бакнува одлично – Една од најпопуларните причини поради која девојките се впуштаат во сексуални односи, е всушност многу едноставна. Тој се бакнува одлично. Тоа и не е така чудно бидејќи во устата на човекот се наоѓаат најголемиот дел на сензитивни нерви, за разлика од останатиот дел од телото. Девојките бакнувањето го сметаат за важно пред па дури и за време на сексуалниот чин, бидејќи еден лош бакнеж може да допринесе комплетен пресврт на расположението.
Искуство – Голем дел од испитаните жени, особено оние помладите девојки се изјасниле дека што поголемиот број на сексуални активности, е од голема важност за нивното идно искуство во поглед на сексот, како еден од клучните фактори за градење на стабилна врска во подоцнежните години
Силен фактор за спречување на неверство од страна на својот партнер – Жените/девојките според дадените резултати се покажало дека сексот го користат како алатка со која ја заштитуваат својата врска или брак. Овој вид на стратегија се покажал како корисен од два можни аспекти, од една страна со тоа што нивниот партнер ќе биде сексуално задоволен веројатноста за изневерување се сведува на минимални шанси и од второто гледиште, да здравата сексуална врска би била доволен показател на новата потенцијална партнерка, дек нема шанси кај вашиот партнер.
Погледнете ги следниве статии
Предизвик – секс на дожд
Што значи секс без оргазам
Откриени најголемите тајни на мажите
Пронајдете не на следниве мрежи: