Почина бугарскиот патријарх Максим

Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Максим почина во вторникот изутрината на 98 годишна возраст, соопшти црквата.

„Поглаварот на Бугарската православна црква, неговата пресветост бугарскиот патријарх и епископ софиски Максим, му се препушти на Бога“, се вели во соопштението.
Патријархот изминатите неколку седмици мина во болница поради општа истоштеност.
Патријархот Максим беше поглавар на Бугарската православна црква 41 година, од устоличувањето во 1971 година.
Светиот синод се очекува да се состане за да ги организира подготовките за погребот на патријархот, но и да избере привремен наследник се додека големиот Црковен совет за четири месеци не го избере новиот поглавар на Бугарската православна црква.
Иако патријархот Максим не се појавуваше често во јавноста, тој важеше за влијателна личност.

Нему му се припишуваат заслугите за јакнење религијата по падот на комунизмот и обновата на повеќе манастири, како и изградба на цркви ширум Бугарија, во која 80 отсто од населението се изјаснува како православни верници.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Новиот патријарх Александриски е eпископ Теодорус

Патријархот Иринеј прифаќа разговори со МПЦ-ОА, но под одредени услови

Папата ја поддржа Руската православна црква во осудата на Пуси Рајот

 

Пронајдете не на следниве мрежи: