Грчките синдикати во вторник го започнаа третиот генерален штрајк во изминатите шест недели, со намера да ги убедат политичарите да не ги поддржат владините мерки за штедење кои ќе ја вовлечат земјата во длабоки неприлики.
Сите летови на и од сите грчки аеродроми се запрени денеска, меѓу 10 и 13 часот по локално време, на почетокот на 48-часовниот генерален штрајк којшто ќе ги затвори училиштата, ќе ги запре возовите и траектите, а работата во болниците ќе ја сведе на итни интервенции.
Според најавите, за време на генералниот штрајк во вторник и среда, нема да работат и даночните канцеларии и јавните управи.
Новинарите во понеделник излегоа на еднодневен штрајк непосредно пред денешното отпочнување на генералниот штрајк. Во понеделникот на новинарите им се придружија и лекарите кои, пак, отпочнаа тридневен штрајк.
Синдикатот на државната електродистрибуција ДЕИ започна со штрајк во понеделник вечерта, а другите синдикати ќе се придружат на генералниот штрајк во текот на денот.
Дводневниот штрајк треба да почне во 11 часот и да трае до среда навечер кога грчкиот парламент треба да гласа за владиниот пакет на мерките за штедење, а доцна вечерта полицијата ја блокираше улицата околу седиштето на Грчката влада во Атина поради можни насилни протести.
Грчката влада во понеделник во парламентот го претстави новиот пакет мерки за штедење, предлог кој мора да добие поддршка од грчките пратеници.
Парламентот би требало да гласа во среда за предлогот за пакетот за штедење во вредност од 13,8 милијарди евра којшто се однесува на намалувањето на трошоците и зголемување на данокот преку мерки кои би им го олесниле фирмите за вработување и отпуштање на работниците.
Усвојувањето на предлогот реформи и буџетот за 2013 година е од пресудно значење за деблокирање на 31,5 милијарди евра помош од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија за спасување на грчката економија.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Јункер изјави: „Грција нема да ја напушти еврозоната“
Атинското метро со штрајк ја почнува седмицата на протести во Грција
Грција шеста година ја чека рецесија
Пронајдете не на следниве мрежи: