Грција и Португалија, кои веќе добиваат меѓународна финансиска помош, побараа „техничка помош“ од Светската банка, која воглавно се занимава со државите во развој.
„Во тек се почетни разговори со Португалија и Грција, на барање на нивните влади, за можно пружање на техничка помош“, изјави Фредерик Џонс, задолжен за односи со јавност во Светската банка, пренесе Франс прес.
Помошта би се однесувала на управување со буџетите и нема финансиска компонента, се вели во соопштението на Светската банка, објавено на нејзиниот сајт.
Макфакс
погледнете ги следниве статии
Протести против мерките за штедење во Португалија
Грција ќе добие уште време, но не и пари
Европската унија во рецесија?
Пронајдете не на следниве мрежи: