Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот го смени министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков и на негово место го постави досегашниот губернатор на Московската област, Сергеј Шојгу.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за AFP изјави дека министерот за одбрана Анатолиј Седјуков е сменет од функцијата за да може да биде продолжена темелната истрага којашто се води за можно проневерување на државниот имот, во износ од три милиони рубли, или околу 90 илјади евра, во компанијата „Оборонсервис“, како дел од наменската руска индустрија под контрола на министерството за одбрана,
„Ја донесов одлуката за смена на министерот Сердјуков земајќи ја предвид ситуацијата која се појави во врска со министерството за правосудство, за да се создадат услови за независна истрага по сите прашања“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од РИА Новости.
Минатата седмица полицијата изврши претрес во просториите на компанијата „Оборонсервис“, а досега се покренати пет кривични постапки за злоупотреба во продажбата на недвижнини, земјиште и акции во сопственост на оваа компанија.
Досегашниот министер Сердјуков може да биде испитан како сведок во рамките на истрагата.
Според досегашниот тек на истрагата, махинациите ги извеле фирми коишто се поврзани со „Оборонсервис“
Всушност станува збор за оставка на Сердјуков поради што претседателот Путин ја донел одлука „да го ослободи од должноста за да се создадат услови за објективна истрага“.
Така, со именувањето на новиот министер за одбрана, уште еднаш стана носител на воен чин, имено Шојгу го има чинот генерал на армија, додека Сердјуков беше цивилен министер.
Именувањето на новиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој последните шест месеци раководеше со Подмосковјето, претставува изненадување и за руската јавност.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Путин и Медведев ќе работат од дома
Путин: Панкерките направија хаос, државата мора да ги штити верниците
Стивен Сегал на гости кај Путин
Пронајдете не на следниве мрежи: