Прашањата кои ги нервираат мажите

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мили, колку деца сакаш? Кога ќе ме запознаеш со твоите родители? Мислиш дека сум дебела… тоа се само дел од прашањата кои ниедно машко не сака да ги слушне. Барем првите три месеци од врската. Покрај тоа што ги сметаат за бесмислени, овие прашања ја рушат моќта на жената и ја ставаат во инфериорна положба.

Каде води нашата врска?

Мажите не го сакаат ова прашање, бидејќи кога жената ќе го постави на глас, делува очајно. Мажите ги сакаат предизвиците, особено во првите два-три месеци. Треба да се остават тие да ги водат сметките за тоа, бидејќи во спротивно, ако врската заживее, жената ќе мора да биде таа која ќе ги води сите работи. Покрај тоа, поставувањето на тоа прашање ја доведува до позиција да ја изгуби моќта и контролата.

 

Дали мислиш на неа?

Ова прашање мажите едноставно не го поднесуваат, бидејќи сметаат дека немаат никаква корист од тоа. Поранешната девојка е со причина поранешна девојка, а ако им се поставува тоа прашање, им се дава до знаење дека девојката е несигурна.

 

Дали сакаш деца?

И кај ваквите прашања се менува тежиштето на моќ и контрола. Мажите сакаат кога тие водат, затоа не треба да се брза со прашањата за деца. Ако врската заживее, ќе се има доволно време за ваков разговор. Дотогаш треба да се остави да ги гледа туѓите деца.

 

 

Дали сум дебела?

Ова е потполно бесмислено прашање за секој маж. Доколку не му се допаѓало како изгледа девојката, не би бил со неа. Нема потреба девојката да прашува за своите недостатоци и не мора да го привлекува неговото внимание кон нејзините несовршености. Тој ја доживува како убава жена, нема потреба од кршење на таа слика.

 

Дали ѝ се допаѓам на мајка ти?

Неговата мајка е втората најважна жена во неговиот живот. Девојката му е прва. Треба да се остави тој да одлучи кога е вистинското време за да ја запознае со неговите родители. Тој најверојатно сака да биде сигурен дека неговата мајка е подготвена да се запознае со неговата девојка. Доколку веќе се имаат запознаено, не треба да се форсира прашањето дали таа ѝ се допаѓа на неговата мајка. Со ваквите прашања само момшето е во непријатна ситуација, ништо повеќе.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Пет машки навики кои ги нервираат жените

 

Прашања за сексот кои не би се осудиле да ги поставите

 

Прашањата кои ве мачеа за мажите: одговорени токму од нив!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: