петок, 13 ноември 2026
Најново

Налогот за прислушување во Србија исчезнал

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Крунскиот доказ во аферата `Прислушкување`, налогот за следење на телефонскиот листинг на Александар Вучиќ, исчезна од Министерството за внатрешни работи на Србија, пишува Blic.

Оригиналниот налог за следење на листингот разговори од приватниот телефонски број на првиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ, но и за претседателот на Собранието на Србија, Небојша Стефановиќ кои се основа за аферата `Прислушкување` која ја вознемири јавноста, не постои во Министерството за внатрешни работи, пишува белградски Blic.
Документот едноставно исчезнал, а во Управата за криминалистичка полиција рекле дека не прават копии на барањата за архивата.
И премиерот Ивица Дачиќ пред неколку дена потврди дека пишани траги за сега нема.
Од трагата `црно на бело` во Внатрешната контрола за сега на располагање е само извештајот на началникот на Управата на криминалистичката полиција, Родољуб Миловиќ.
Миловиќ во петокот беше прозван од вицепремиерот Вучиќ, како потписник на налогот, а овој рече дека најверојатно го потпишал налогот, но дека не знае кој му го дал на потпис, ниту знаел за чиј број станува збор.
Во подоцнежната изјава Миловиќ демантираше какво било прислушување на челникот на државата и дека целата афера се подметнува на оние кои се борат против корупцијата.
Копија од налогот би требало да се наоѓа од Телеком Србија, но не се знае дали е доставен во Внатрешната контрола на полицијата, на барање на министерот Ивица Дачиќ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Блиц“ наведува дека Миловиќ барал од Телеком копија од налогот, но дека му било речено дека таков документ не постои.

Погледнете ги следниве статии

Дачиќ: Владата не ја раздрма аферата за прислушување

Дачиќ: Поделбата на Косово е единствено решение

Дачиќ: Подготвени сме за дијалог, но без признавање на Косово

Поврзани вести