Џенифер Лопез пристигнува во Белград со вграден GPS уред во нејзиното тело

Неофицијално поп дивата ќе има вграден GPS уред во себе, се со цел да се чувствува побезбедно во текот на својата турнеја.

Светската ѕвезда Џенифер Лопез за време на својот настап во Белград на 20-ти ноември, во себе ќе има вградено GPS, со кој секој нејзин чекор ќе биде следен.

Според дадените изјави од страна на нејзините менаџери ова таканаречено вградување е дел од стандардната опрема со која се осигурува безбедноста на ѕвездата, бидејќи како што наведуваат пеачката се плашела од било каков инцидент поврзан со неа.

Како што ни е веќе познато американската пеачка и актерка која на 20-ти ноември ќе настапува во Комбанк Арената, ја испрати својата листа со 72 барања и желби, во која меѓу другото е и нејзиното пристигнување со хеликоптер пред самиот почеток на концертот.

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Џенифер Лопез пристигнува во Белград со 72 желби и барања

 

 

 

 

 

 ФОТО: Провокативниот настап на Џенифер Лопез во Мадрид

 

 

 

 

 

 Среќниот пар: Џенифер Лопез и Каспер Смарт

Пронајдете не на следниве мрежи: