Најтешкото судоку во светот

 

 

 

 

Луѓето кои се гордеат со своите способности за решавање на популарното судоку подобро е да не го читаат овој текст.

 

Но ако сакате да се испробате себеси, тогаш можеби ќе сакате да ги наоштрите моливите за врвниот тест: најтешкото судоку на светот.

 

Еверестот на нумеричката игра е создаден од Арто Инкала, фински математичар и е специјално дизајниран да биде нерешлив, освен за најострите умови.

 

Според скалата на тешкотија според која се оценуваат повеќето судоку загатки, каде наједноставните се обележани со една ѕвезда а најтешките со пет, оваа би имала единаесет ѕвездички.

 

Судокуто е познато за енигматичарите и е игра во која секоја вертикална линија, хоризонтална линија и деветте квадрати со девет полиња, треба да ги содржат сите броеви од 1 до 9. Иако звучи едноставно, тешкотијата на оваа верзија лежи во бројот на дедукции што треба да ги направите за да впишете број во мрежата.

 

Наместо да можете да забележите каде треба да дојде еден број врз основа на квадратите што се веќе пополнети, повеќето потези што ќе треба да ги направите ќе ве соочат со две или повеќе места каде бројот би можел да доаѓа.

 

Само една од овие опции е точната, но за да ја откриете, мора да ги проучите сите други опции за следниот потег, а и за потегот кој следи по него, сè додека не ја најдете вистинската рута. Според Инкала, за најтешките делови од мрежата е потребно да размислувате десет потези однапред, разгледувајќи серија на пермутации на секоја фаза, пред да ги елиминирате сите рути освен вистинската.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Го променил/а полот на 16 години и се пријавил/а за Мис на Англија

 

 

Facebook ве здебелува

 

 

Храна само за оние со силен желудник

 

Пронајдете не на следниве мрежи: