Постојат многу научни објаснувања за тоа зошто и како настанал Стоунхенџ, а отфрлени се теориите дека во тоа се вмешани вонземјани или дека овој мегалитен споменик потекнува од древниот Египет.
После десет години истражувања, најновата теорија тврди дека Стоунхенџ е изграден уште во каменото доба, а камените столбови претставуваат кланови на различните семејства кои често воделе војни за територијата и религијата.
”Во потфатот за изградбата на Стоунхенџ, која барала напорна работа, морале да учествуваат илјадници луѓе. Некои морале да поместуваат огромни грамадни камења, да ги обликуваат и да ги креваат во исправена положба. Целата таа работа, во суштина била чин на соединување, бидејќи сите морале да соработуваат и да ги здружат силите”, изјавил професорот Марк Паркер Персон од универзитетот во Шефилд и додал дека токму Стоунхенџ е последниот споменик на културата од каменото доба.
Прочитајте ги и следниве статии:
Астероид со големина од околу 50 метри ќе пролета крај Земјата
Верувате ли во духови?
Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста
Пронајдете не на следниве мрежи: