Стапката на невработеност во Србија изнесува 28,3 отсто

Вкупниот број на вработени во Србија на крајот на септември изнесувал 1.725.209 лица, што е за 0,7 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави Стопанската комора на Србија.

Во споредба со претходниот месец нема позначителни промени на бројот на вработените, а најголем број на работници има во приватното претприемништвото, преработувачката индустрија, трговијата, здравството и образованието.
Бројот на невработени работоспособни лица на крајот на септември изнесувал 751.458, што е за 1,2 отсто повеќе во однос на ситиот месец лани.

Стапката на невработеност на крајот на септември изнесувала 28,3 отсто.
Особено загрижува податокот што е зголемен бројот на лица кои на работа чекаат повеќе од една година, кој е за 3,25 отсто поголем во однос на лани.
Високата стапка на невработеност е еден од горчливите проблеми на српската економија, и е во корелација со падот на економската активност.

Нивно надминување не е можно без позначително оживување на производството, белат од српската стопанска комора.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Невработеноста во Грција надмина 25 отсто

Продолжува растот на невработеноста во Грција

Во Србија секој трет жител има оружје!

Пронајдете не на следниве мрежи: