Дваесет години по објавувањето е откриена точната локација на мостот од „Under The Bridge“ на Ред Хот Чили Пеперс. Мостот се наоѓа во паркот Мекартур во Лос Анџелес, а таму е сниман и спотот во режија на Гус ван Сант. „Мистеријата“ ја решил Марк Хаскел Смит од порталот Vulture.com.
„Under The Bridge“ е објавена во 1992 и на албумот „Blood Sugar Sex Magik“ и е првиот голем хит на бендот со кој стануваат планетарно познати. Синглот доживува и платинесто издание. Во песната фронтменот на бендот Ентони Кидис се пресметува со својата зависност од дрога и сеќавањата од конзумирањето на кокаин во долниот дел на Лос Анџелес, под мостот каде се собирале гангстерите.
Прочитајте ги и следниве статии:
Eлизабет Тејлор-најбогатата почината личност
Браќа чекале шест години за да потврдат лото добивката од пет милиони долари
Запознајте го човекот-волк
Пронајдете не на следниве мрежи: