Survivor Truck – за оние кои апокалипсата ја сваќаат озбилно

Зомбите и крајот на светот овозможија одлична комерцијална можност за многу тјунери и продавачите на оружје.

Без разлика каква катастрофа ни се заканува, во секој случај би ви било потребо превозно средство за да побегнете од големите градови.

Повеќето вакви автомобили, кои ги имаме на пазарот, овозможуваат добра заштита од зомби но, не и од нуклеарки, биолошки оружја или хемиски опасности. Во тој случај, крајот на цивилизацијата најверојатно ќе ја гледате на паркинг.

Наизложбата во Лас Вегас пристигна Survivor Truck, основан на Chevrolet C70кој иако изгледа на обичен камион на стероиди, тој е многу многу повеќе од тоа, поради тоа што е наменет за преживување во сите филмски сценарија.

Овој камион има заштита од електромагнетни импулси, има филтери за воздух , систем за прочистување на воздух и соларни панели за производство на струја. Моторот може да работи на повеќе видови на гориво и во него се складирани разни намирници кои би овозможиле едно просечно семејство да преживее барем две години.

Почетната цена е 80, 000 евра додека пак со комплетна опрема ќе изнесува пола милион евра.

Забавната страна на ураганот Сенди

Познатите пееја за жртвите од ураганот Сенди

Фото: Србите се радуваат на ураганот Сенди во Америка

Пронајдете не на следниве мрежи: