Србија нема никакви права за решавање на прашањето на Косово

Косовскиот премиер Хашим Тачи во вторникот во хрватската престолнина Загреб, пред состанокот во среда со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел, изјави дека Србија нена ниту морално, ниту политичко, ниту законско право да го решава прашањето на Косово.

„Што се однесува до српскиот план за решавање на косовското прашање, Србија повеќе нема ниту морално, ниту, политичко ниту, техничко, ниту законско право да го решава косовското прашање.

Планот мора да биде сеевропски, бидејќи единствено на тој начин може да се реши ова прашање“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи на прес-конференцијата во Загреб заедно со неговиот домаќин, премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, пренесува Hina.
„Статусот на Косово со прогласувањето на независноста еднаш засекогаш е решен“, нагласил Тачи, одговарајќи во продолжението на новинарски прашања дале и подготвен да разгледа прифати каков и да е план за иднината на Косово кој доаѓа од Србија.
Тачи, исто така, најави дека утрешната средба со Дачиќ во Брисел, ќе разговараат за спроведување на последните две години постигнатите договори меѓу Белград и Приштина, и дека нема да стане збор за прашањето на статусот на Косово.
Тачи притоа нагласи дека Белград мора да се откаже од паралелните структури на безбедност кои се воспоставени во северниот дел од Косово, како што рече, како остаток од политиката на Слободан Милошевиќ, како и дека најбрзо да се дознае судбината на 1.800 исчезнати Албански од Косово.
„Србија мора да се погрижи да дознаеме каде се тие исчезнати лица’, изјави Тачи во Загреб.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Германија бара Србија да потпише договор за нормализација на односите со Косово

Независноста на Косово е неповратна

Николиќ: Србија никогаш нема да го признае Косово

Пронајдете не на следниве мрежи: