Ајкула „тигар“ уловена кај Валона

Рибари од албанскиот град Валона во вторникот уловија ајкула од видот „тигар“, тешка 400 килограми.

Ајкулата била уловена на далечина од 2,5 километри од островот Сазан, во длабочина од 150 метри.

Рибарите ја уловиле ајкулата од нивниот рибарски брод „Паварсија“.

Тие велат дека имале големи проблеми да ги соберат нивните рибарски мрежи.
Ова е прв пат ваква ајкула, која е опасна по луѓето, да биде фатена во близина на албанското крајбрежје.

Макфакс

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: