Албанија по милијардите на Мубарак

Египетското државно обвинителство поднесе до судот во Тирана барање да дозволи истрага во врска со наводното перење пари на соборениот египетски претседател Хосни Мубарак, неговото семејство и соработниците во Албанија.

Како што соопшти во вторник Балканската мрежа за истражувачко новинарство(БИРН), барањето уследило откако египетските власти побарале помош во пронаоѓањето и враќањето на повеќе милијарди долари државни пари за кои се верува дека Мубарак ги проневерил.
Се смета дека поранешниот претседател на Египет и неговите соработници со децениското владеење стекнале богатство што се мери со десетици милијарди долари.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Клинтон во посета на Албанија

Берлускони: Судот донесе политичка пресуда

Поранешен политички затвореник се самозапали во Тирана

 

Пронајдете не на следниве мрежи: