Во пресрет на забраните и апелот до навивачите за натпреварот меѓу ПСЖ и Динамо Загреб, во главниот град на Франција доцна синоќа дојде до меѓусебна пресметка на навивачите по која се уапсени околу 20 навивачи.
Според информациите кои ги пренесуваат хрватските медиуми, а воедно и француските, се вели дека потешко е повреден еден навивач на Динамо, додека околу 20 до 24 навивачи се уапсени.
Користени се димни бомби и палки, а инцидентите се прекинати по интервенција на полицијата.
Неофицијално, се вели дека меѓу уапсените мнозинство се навивачи на Динамо.
PSG-Zagreb : violents affrontements entre… by BFMTV4
Пронајдете не на следниве мрежи: