Во својата 40-годишна историја Сан Антонио четири пати беше шампион во НБА лигата, дури 32 пати играше во доигрувањето, и 18 пати ја освојуваше дивизиската титула.
Но, и покрај сето тоа, тие никогаш не успеаа да дојдат до скор од 4-0, односно да стартуваат со четири победи во низа на стартот од сезоната.
Тие стигнаа до четвртата победа по ред на натпреварот со Индиана, која ја совладаа со резултат 101-79. Де Хуан Блер имаше 14 поени, 11 скокови и 3 додавања, додека пак Гери Нил имаше 17 поени, шут со скор 8 од 10.
Пронајдете не на следниве мрежи: