Македонската сениорска репрезентација во карате освои златен медал на Европското првенство во вадокаи-карате, кое се одржа во Лигнано-Сабиадоро, односно во Италија.
Ова беше 39-тото Европско Првенство во Вадокаи-карате.
Според информациите кои ги пренесува „Нова Македонија“, најуспешен натпреварувач во македонскиот тим е Сашко Патраклиев, кој сите борби ги добил со 8-0.
Репрезентацијата беше предводена од Јован Лазарев, а како судии се најдоа на овој голем турнир Игор Лазарев и Димче Савевски.
Извор/Фото: „НоваМакедонија“
Пронајдете не на следниве мрежи: