Интересни натпревари се одиграа вечерва во Лигата на Шампионите во рамките од четвртото коло, Милан извлече бод против Малага на домашен терен откако гостите први поведоа на натпреварот, Манчестер Сити одигра нерешено 2-2 со Ајакс на домашен терен, гостите „прокоцкаа“ водство од 0-2, додека пак „кралевите“ беа целосно надиграни од Борусија Дортмунд кои на два пати имаа водство но Реал Мадрид извлече бод од овој натпревар и мечот заврши со поделба на бодовите со резултат 2-2.
Марко Ројс ги доведе гостите на „Сантијаго Бернабе“ во водство од 0-1 во 28-мата минута, додека пак Пепе стрелаше за 1-1 во 34-тата минута од мечот, Арбелоа во 45-тата минута си постигна автогол и повторно ги доведе гостите во водство овој пат од 1-2. Во вториот дел Озил постигна гол дури во 89-тата минута и му донесе на својот тим бод од овој натпревар.
Милан се извлече на некој начин против силната и незгодна Малага. Гостите преку Елисеу во 40-тата минута од мечот поведоа со 0-1, а во вториот дел Пато израмни на 1-1 во 73-тата минута и ги постави конечните 1-1 од овој меч.
Манчестер Сити се „извади“ со Ајакс, гостите прокоцкаа големо водство од 0-2 на овој меч каде преку двата гола на Јонг во 10-тата и седум минути потоа водеа со 0-2, па во 22-рата минута Туре постигна гол и ја намали негативата на 1-2. Во вториот дел Агуеро израмни на 2-2 во 74-тата минута од мечот.
Резултати…
Шалке-Арсенал 2-2
Динамо Киев-Порто 0-0
ПСЖ-Динамо Загреб 4-0
Олимпијакос-Монпеље 3-1
Андерлехт-Зенит 1-0
Милан-Малага 1-1
Манчестер Сити-Ајакс 2-2
Реал Мадрид-Борусија Дортмунд 2-2
Фото: uefa
Пронајдете не на следниве мрежи: