Приватната белградска клиника преку српскиот познат сајт Купимо.рс, објави попуст во кој стои дека со секој купен купон, во следните пет дена од купувањето колку што и трае оваа акција, би можеле да го направите својот абортус за 18.000 динари, наместо за редовните 25.000.
Конкуренцијата и борбата за пациенти на приватните клиники во Белград е веќе одамна позната, но чекорот кој оваа приватна клиника се осмели да го направи, останува како отворено прашање дали е поради желбата за повисок публицитет.
Сите оние заинтересирани девојки/жени кои би посакале да ја прекинат својата бременост во следните пет дена, колку што и трае оваа акција, повелете во нашата клиника и направете го вашиот чекор, наместо за 25.000 динари, искористете го попустот од 25% за неверојатни 18.000 динари.
Во огласот кој го објави оваа клиника на сајтот за рекламирање на попусти и пристапни цени од разноразни фирми, дополнително стои и препораката доколку вие сте незаинтересирани, оваа услуга да ја понудите на некоја ваша пријателка.
Како надопонување на целосниот оглас се наведува и консултацијата со гинекологот во врска со бременоста и одредувањето во кој стадиум е бремената личност, Rh факторот и сл , како и законската основа според која е возможен абортусот.
Погледнете ги следниве статии
Џипот кој ја загрози безбедноста на Николиќ
Страшно: Ја изгасил цигарата од челото на три годишно момче, се насмевнал и си отишол
Ајкула „тигар“ уловена кај Валона
Пронајдете не на следниве мрежи: