Детето е обврска и потребно е време, внимание и љубов за да изразе во здрав човек. Да успее во улогата како родител е тешко за било кој човек, па така тешко е и за холивудските ѕвезди.
Но за среќа, тие се добро финансиски покрепени, па можат да си дозволат првокласни дадилки кои ќе се грижат нон-стоп за нивните деца.
Но лошата страна на ова е фактот дека дадилките сакаат да зборуваат и раскажуваат за семејствата во кои работат, посебно за таблоидите.
Еве што кажаа некои од дадилките на славните холивудски парови.
Дадилката што ја чувала Анџелина Џоли како дете изјави дека таа била многу тивко, осамено и несреќно дете, повлечено во себе. Денес, кога Анџи има сопруг и шест деца, таа бара дадилка за нив која има диплома за едукација на деца и педагогија и која говори барем 2 јазика од земјите од кои се посвоени децата.
Според кажувањето на дадилката на семејството Круз, на малата Сури никогаш не и било кажано “не” за ништо во животот. Таа е доста разглено дете, кое добивало торта за појадок ако така посака и нејзините родители често ја изненадувале со разни подароци како круна вредна 25.000 долари!
Дадилката на семејството на Роберт ДеНиро, го тужеше актерот поради не платени сметки, и по судски пат успеа да извади 30.000 долари од него.
Пам Бехан е дадилката на сестрите Кардашијан. Таа пред неколку месеци издаде цела книга за тоа како е да се биде нивна дадилка, но сите работи што ги пишува таа во книгата се позитивни. Таа имала само 20 години кога Кортни имала 12, Ким 10, Клои 6 и Роберт 4. Тие биле многу фини деца, добро воспитани и Пам немала никакви проблеми со нив.
Дејзи Врајт, дадилката на Џад Лоу и Сиена Милер, не извади многу коментари во јавноста за тоа како е да си нивна дадилка, бидејки имаше афера со актерот што беше причина за неговиот развод.
Дадилката на децата на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, со тек на времето станала многу повеќе од дадилка во куќата. Таа била снаодлива и чесна, па набрзо стана негова лична секретарка без која Џексон не можел да го замисли животот.
Дадилката на Бритни Сприс проговори за јавноста дека таа била осамено дете, кое немало ниту еден пријател.
Поврзани статии:
Кои холивудски ѕвезди се со најлошиот карактер?
Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм
Кои се фобиите на славните во Холивуд
Пронајдете не на следниве мрежи: