Се со цел да не би се довеле себе си во ситуации кога би направиле некоја банална постапка, како на пример со безмислен мотив да отидете во креветот на штотуку запознаената личност, во прилог прочитајте ги следните причини кои добронамерно ве советуваме да ги избегнувате.
Слава – Иако одењето во кревет со некоја позната личност би ви овожможило да се стекнете со некаква каква таква слава, најпрво длабоко земете водух, издишете, удрете си еден шамар и преспиете ја ноќта. Сигурно својата вредност не ја сведувате на најниското нови. Поштедете се себе си од уште една драма во вашиот живот.
Одмазда -Запоменте, одмаздата најдобро се сервира со вашата гардероба на вас. Водењето љубов е интимен момент, што значи дека сексот со било која особа би можело ненамерно да предизвика повредување на туѓите чувства. Без разлика на кого би сакале да се одмаздите, размислете двапати за својата постапка, бидејќи покрај посакуваното одмаздувањето на некоја особа во исто време може да повредувате и други останати личности. Ваквата постапка нема да ви донесе поголемо задоволство, освен чувството на уште едно разочарување.
Кариера – Скоро 15% од жените спијат со своите шефови, а дури на 37% од нив, бурните ноќи им завршувале со едноставен и брз успех во кариерата. Но, размислете колку долго би траел овој успех, дали би бил на долгорочна или краткорочна патека, како и каква почит би добиле од вашите колеги и опкруживање кога со овој факт би биле запознаени сите.
Сожалување – Тажната приказна на дечкото кој штотуку ја прекинал својата врска, ако претставува доволна причина за да го одведете во вашиот кревет, и е причина за возбудување, зарем не би требало да се запрашате дали со вас е се во ред. Покрај тоа истата личност може да се врзе за вас, за потсетување сетете се каков е крајот на познатиот филм ’’Фатална привлечност’’.
Начин за преболување на поранешниот партнер – Секој завршеток на некоја љубовна приказна самиот по себе предизвикува болка, и тешко заздравување, проследено со депресија, и постојано навраќање на минатото. Многумина решението го гледаат во спиењето со првата личност која ќе ја пресретнат на својата патека, мислејќи дека е сосема во ред и соодветен начин на кој би ја ублажиле болката. Всушност оваа постапка може да допринесе да се чувствувате уште полошо, прво освестувајќи се дека не сте го преболеле сеуште вашиот поранешен партнер, како и навратувањето на тоа колку ви фалат неговите незаменливи допири, навики, бакнување.
Сексот како решение и оправдување да бидете повеќе сакани – Дури ни ако сте родени под ѕвездата како Казнова, и притоа ги умеете сите пози од познатата Кама Сутра, сексуалниот однос со некоја особа и покрај горенаведените епитети нема да биде некоја битна причина поради која неименуваниот партнер би имал цврста причина за да ве засака. Општо познато е дека романсите во кои паровите уште на првиот состанок веќе си го размениле своето искуство во креветот, набрзо и го ставиле крајот на истото.
Кладба- Големи се шансите личноста со која што имате секс заради некоја кладба, да дознае, пришто во тие моменти и не очекувајте некое соодветно добро однесување. Доколку не дознае, запомнете и сетете се на познатата изрека дека се се враќа и се се плаќа. Ќе остане само прашање на времето кога целата вистина ќе излезе на виделина.
Бегство од проблемите – Лош ден, лоши вести, проблеми. Единствено нешто што го посакувате е неколку пијачки на некој шанк, случајно пресретнување на некоја рандом личност, секс со истата со што на некој начин би му дале убав завршеток на лошиот ден. Размислете двапати, во тие дваесетина минути навистина ќе се чувствувате многу подобро, но подоцна од кога задоволството ќе заврши повторно ќе се соочите со вашата сива реалност, и она бегство кое посаувавте да го направите на еден погрешен начин.
Секс како последица на досада – Навистина бизарен факт, да вашата досада биде причина за носење на непромислени одлуки, како на пример впуштањето во сексуални активности, без било каква причина. Сепак и покрај бизаронста на фактот, размислете по малку и за другата страна. Емотивно поврзување, наклонетост и потреба. Дали сте спремни за нешто посериозно, само поради една банална причина заради која сте имале секс?
Погледнете ги следниве статии
Заборавете на хороскопот – Љубовните комбинации се прават преку крвните групи
Вашиот партнер направете го подобар љубовник
Знакови кои го откриваат лажгото во врската
Пронајдете не на следниве мрежи: