Џенифер Лопез отпушти собарка во хотел поради автограм?

43 годишната пејачка, Џенифер Лопез, која за две недели ќе настапи во Белград, ги демантираше гласините за отпуштањето на собарка во хотел.Имено, пред неколку дена, пејачката имаше изнајмено апартман во германскиот хотел Meli Dusseldorf, каде и имаше настап наредниот ден, како дел од европската турнеја. 

 

Според гласините, една од собарките во хотелот, Pray Dodaj, која фила голем фан на Џеј Ло, тропнала на вратата на нејзиниот апартман со цел да побара автограм. Но обезбедувањето на пејачката ја одалечило собарката од нејзините соби, давајќи и на дознаење да не се враќа веќе на тој спрат. Утредента, собарката добила отказ, бидејќи Лопез се пожалила на вознемирување од страна на Додај.

 

Директорот на хотелот, Cyrus Heydrarin, изјави дека отказот бил природна работа што следувала по настанот, бидејќи според дел договорт кој собарката го склучила со хотелот таа не смее да ги вознемирува гостите.

 

Реакцијата на Лопез за овој настан се појави на твитер каде што таа го пиша 

следново: “Ах, мислев дека подобро ме познавате… На никого не би дала отказ за автограм. Прв пат за ова слушнав на твитер!” 

 

Иронично, самата Џеј Ло глуми сиромашна собарка со тежок живот во филмот Maid in Manhattan од 2002 година.

 

 

 

Поврзани статии:

Џенифер Лопез пристигнува во Белград со вграден GPS уред во нејзиното тело

 

Џоли, Пит и Лопез како деца!

 

Џенифер Лопез наполни 43 години

 

Пронајдете не на следниве мрежи: