Челниците на НАТО и Европската унија (ЕУ) му го честитаа на Барак Обама реизборот за претседателската функција во САД.
„Ни преставува задоволство да му упатиме честитки на претседателот Обама за неговиот реизбор за претседател на САД. Америка е клучен стратешки партнер на ЕУ и се радуваме што ќе продолжи тесната соработка, која со претседателот Обама е воспоставена пред четири години, што подразбира јакнење на нашите билатерални односи и заедничкото решавање на глобалните предизвици, вклучувајќи ја тука безбедноста и економијата“, се вели во заедничката честитка на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
„Економскиот раст и вработувањата ќе останат приоритетите на ЕУ и САД и ние ќе продолжиме, заедно со претседателот Обама, да работиме на ослободување на големиот потенцијал кои го има трансатланскиот пазар“, дополнуваат челниците на двете европски институции.
Реизборот на Обама му го честиташе и генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен.
„Сојузот помеѓу Европа и Северна Америка е втемелен на заедничките вредности на кои се потпира и Сојузот кој е основан пред 60 години, а кој и денес е еднакво силен и важен за очувување на евроатланскиот мир и стабилност“, се вели во пораката на Расмусен.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Груевски: Членството во ЕУ и НАТО останува наша стратешка цел
Обама со поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО
Според Херитиџ, Македонија следниот самит во НАТО
Пронајдете не на следниве мрежи: