Вака гласеше еден од водечките наслови на познатото списание ’’Globe’’, кое тврди дека британската кралица Елизабета е во тешка здравствена состојба, при што и се заканува скора смрт, со што на тој начин принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, би застанале на тронот.
Од ударот на медиумите, не биле поштедени ни принцот Вилијам и принцезата Кејт, кои се споменуваат како причина поради која владее војна и недоразбирања измеѓу ова кралско семејство.
Имено, сопругата на принцот Чарлс, Камила е една од личностите која е најголемиот противник против принцот Вилијам и Кејт, и нивното наследување на тронот.
Негативните натписи на ова списание за кралското семејство, предизвикаа шок за британската јавност, но сепак реномираното американско списание ’’Globe’’ е добро познато по произнесувањето на негативни натписи без разлика за која личност се работи.
Изминатиот период како една од главните личности за кои беа пласирани најмногу негативни натписи, сепак повторно беше личност од кралското семејство, незаменливата Камила, која во ова познато списание се наведува како единствената и главна причина за лошата репутација на кралското семејство и влошената здравствена состојба на кралицата Елизабета.
Бакингемската палата со своето некоментирање на пласираните информации во јавноста во врска со зравствената состојба на кралицата, сеуште се нема изјаснето, со што се претпоставува дека сепак кралицата е сосема здрава, и дека состојбата во кралското семејство е сосема во ред.
Погледнете ги следниве статии
Пакистанка ја уби својата керќа полевајќи ја со киселина
Дете загина во зоолошка во Питсбург
Обама го победи Ромни
Пронајдете не на следниве мрежи: