Што е тоа сексробик

Дигнете раце сите што сте решиле да се пикнете во кревет затоа што тоа е најдобриот начин за слабеење. Да, апсолутно најефикасната вежба се вика „сексробик“.

 

Анкетите покажуваат дека, колку и да се уморни по напорниот работен ден, дури 76% од жените се решаваат да имаат секс со партнерот ако веруваат дека така ќе изгубат некој килограм. Дури две третини од испитаничките потврдиле дека сексот им доаѓа на прво место, а на второ место домашните работи, а дури на трето место занимавањето со некоја друга физичка активност – секако, сево ова во функција на согорување на калориите и губењето на вишокот килограми. 


Меѓутоа, излегува дека девојките се апсолутно во право. Сексологот и доктор Кери Меклоски во нејзината книга „Ултимативната секс диета“ потврдува дека, во зависност од тоа колку сте активни во кревет, получасовната „секс-сеанса“ ќе ви помогне да согорите од 150-250 калории, па дури, кај најголемите ентузијасти, и до 350 калории.  

Интересно е што ако само се галите и бакнувате со вашиот партнер еден час, согорувате околу 200 калории – што е еднакво на едно чоколатце. Точно е дека со разни работи што ги правиме во текот на денот, а особено со домашните работи (пеглање и сл.) согоруваме доста калории, сепак треба да сме свесни дека со водење љубов согоруваме практично исто толку калории како со умерено вежбање. 


Воедно, битно е да се знае дека „сексробикот“ не е добар само за вита става, туку и за здравјето на целиот организам. Со редовен секс се намалува ризикот за срцев удар и срцеви заболувања, а ендорфинот кој се ослободува за време на оргазмот го стимулира имуниот систем, па помага и за намалување на ризикот од рак, како и за спречување на појавата на брчки на лицето и воопшто, за здрава кожа. 
И секако, не треба никако да заборавиме дека сексот е пред сѐ уживање и извор на среќа, радост и добросостојба!

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Секс диета

 

Кога жените сакаат орален секс

 

Кои се 5-те заблуди во кои жените цврсто веруваат

Пронајдете не на следниве мрежи: