Трошоците за санирање на нуклеарната електрана во Фукушима, кои вклучуваат деконтаминација и плаќање на отштета на жртвите, би можеле да достигнат 100 милијарди евра, што е двојно повеќе од предвидената сума.
Ова во среда го соопшти компанијата Тепко, во чија сопственост е нуклеарката уништена во земјотресот и цунамито од 11 март 2011 година.
Катастрофата во Фукушима, најтешка по нуклеарната хаварија во Чернобил во 1986 година, предизвика значително емитување на радијација во воздухот, земјата и водата во регионот, заради што стотици илјади Јапонци мораа да ги напуштат домовите.
Со сумата од 100 милијарди евра нема да се успее да се санираат четирите уништени реактори од вкупно шесте, колку што ги има нуклеарката.
Таа операција би можела да потрае околу 40 години, а за санација ќе треба да се изработат нови технологии и да се обезбеди едукација на неколку илјади експерти.
„Со членовите на владата ќе мора да разговараме за тоа што е сè потребно, во согласност со различните сценарија“, изјави во среда претседателот на Тепко, Казухико Шимокобе.
Како знак на добра волја компанијата вети дека во следните десет години ќе обезбеди повеќе од 33 милијарди евра.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Северна Кореја предупредува на нуклеарна опасност
Судар на американска нуклеарна подморница и крстосувач
Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите
Пронајдете не на следниве мрежи: